Connect with us

Фудбал

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Во седиштето на УЕФА во Нион вечер со почеток од 18 часот ќе биде одржана жрепката за третото издание на Лигата на нации за сезоната 2022/23, а македонската репрезентација се наоѓа во третиот шешир заедно со Грција, Белорусија и Луксембург против кои нема да може да биде во иста група во дивизијата Ц.

Можни противници на македонските фудбалери се Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска од првиот, Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово од третиот и од четвртиот шешир репрезентации на Гибралтар,Фарски Острови, како и поуспешните од пресметките меѓу Казахстан и Молдавија и Кипар против Естонија,

Третото издание на Лигата на нации ќе стартува во јуни кога на програмата се закажани првите четири кола, а групната фаза ќе заврши со преостанатите две кола во септември.