Фудбал
Македонските фудбалерки испуштија победа на гостувањето во Бугарија
Женската македонска фудбалска репрезентација вечерва пропушти победа против Бугарија на гостувањето во Софија. Ова беше натпревар од 4. коло во Лигата на нации.
Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со 2:0 со головите на Гентијана Рочи (11. минута) и Илза Максути (62. минута).
Леонора Желева во 85. минута намали, а во петтата минута од судиското надополнување Лора Петрова ги постави конечните 2:2.
За Македонките ова беше прв реми и прв бод во овој квалификациски циклус.
По четири одиграни натпревари во Групата-5, лидер е селекцијата на Косово со 10, бодови, Бугарките собраа 5, македонските фудбалерки 1 бод.