Connect with us

Фудбал

Македонските фудбалски надежи добија супер тешка група за квалификациите за ЕП

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 21 година доби супер тешка група за квалификациите за пласман на ЕП, кое во 2023-та година ќе се одржи во Романија и Грузија. Македонските надежи се најдоа во групата Х, заедно со селекциите на Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Само првите две селекции во групата обезбедуваат пласман на завршниот турнир.