Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ја совлада Полска со 2:1. Марио Илиевски и Лука Станковски погодија за 2:0, а до крајот на мечот Полјаците успеаја само да го ублажат поразот преку Бориш. Мечот беше од пријателски карактер.