Connect with us

Кошарка

Македонските кошаркарски надежи ја “прегазија” Бугарија, Македонија многу блиску до четвртфинале

Кога беше најпотребно, нашите момци беа најдобри, убедлива победа над Бугарија (83:54) за делба на првата позиција во групата „А“

Во решавачкиот натпревар на место кое води во четвртфиналето на ЕП од Дивизијата „Б“ во Скопје, младата селекција на Македонија за играчи до 20 години славеше убедлива победа над директонито конкурент за место кое води во следната фаза – Бугарија.

Теодор Симиќ реализираше 21.поен, имаше и осум скока и три асистенции, капитенот Андреј Митревски го заврши натпреварот со 19. поени, но и шест асистенции и три скока. Петков постигна уште 11.поени, но честитки заслужува комплетниот наш младински тим.

По три одиграни натпревари во групата „А“, Македонија има скор од две победи и еден пораз.

Еден пораз, засега, имаат и репрезентациите на Чешка и на Бугарија. Но Бугарите го затворија своето учество во групата со ефект (3-1), додека Чешка (скор 2-1) во последниот круг од натпреварите ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Словачка.

Со победа над Ирска, Македонија ќе биде првопласирана, а ако Чешка ја совлада Словачка, ќе биде вториот патник во друштвото на осумте најдобри на шампионатот во Скопје.