Фудбал
Македонските надежи ја совладаа Црна Гора, само Шпанија подобра, но сепак нема ЕП
Репрезентацијата на Македонија до 21 година, со победа го потврди одличното второ место во групата 6 со вкупно 5 победи, 3 нерешени и 2 загубени натпревари, а пак со 20 постигнати и 12 примени голови. Ова беше последен натпревар од овие квалификации.
Поради промена на форматот на УЕФА во ова натпреварување и квалификации, само првопласираните репрезентации ќе земат учество на Европското првенство во Унгарија и Словенија кое ќе се одржи идната година.
Стрелци на головите беа Ѓорѓиовски и Миовски, на спротивната страна погоди Крстовиќ.
Прва во групата е Шпанија со 25 бодови и натпревар помалку. Шпанците ќе играат на ЕП. Македонија е втора со 18, па Израел со 13, Казакхстан 10, Фарски Острови 9 и Црна Гора 7.