Connect with us

Ракомет

Македонските ракометари вечерва против домаќинот Германија

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра вториот меч на ЕП 2024 и тоа против домаќинот Германија (20.30 часот) во „Мерцедес бенц арена“ во Берлин.

Во историјата немаме ниту една победа против Германците. Во вкупно пет одмерувања на силите, Македонија само еднаш ремизира со Германија, на последната пресметка на Европското првенство во Загреб (25-25). На претходните дуели бележевме два убедливи, еден поднослив и еден минимален пораз.

Меѓусебните натпревари на Германија и Македонија:
03.06.1999 – Германија – Македонија 36-25 (Светско првенство, Египет)
21.01.2009 – Македонија – Германија 23-33 (Светско првенство, Хрватска)
17.01.2012 – Македонија – Германија 23-24 (Европско првенство, Србија)
20.01.2013 – Германија – Македонија 28-23 (Светско првенство, Шпанија)
17.01.2018 – Германија – Македонија 25-25 (Европско првенство, Хрватска)

Натпреварот против домаќинот на ЕП 2024 ќе се игра пред 17.000 гледачи во „Мерцедес Бенц Арена“, чиј капацитет е одамна распродаден.

Претходно денеска од 18 часот во првиот натпревар од второто коло во групата А ќе играат Франција и Швајцарија.

Advertisement