Connect with us

Фудбал

Македонските шампионки денеска против Јувентус во Лигата на шампионите

Актуелниот женски фудбалски шампион „Каменица Саса” попладнево во Торино во рамки на полуфиналниот турнир од групата 8 во Лигата на шампиони ќе се сретне против домашната екипа на „Јувентус”.

Голгетерот Ана Димитровска, која минатата година го постигна првиот гол во премиерниот настап на каменичанки во најелитното европско натпреварување, пренесувајки ги впечатоците директно од терен истакна дека во екипата владее позитивна атмосфера и очекувања за добар резултат.

-Атмосферата е одлична, мотивацијата огромна. Горда сум што дојдовме до шанса да играме со таков противник. Подготвени сме, секој ден тренираме, некогаш имаме и по два тренинга. Ќе дадеме се од себе и очекуваме добар резултат, рече Димитровска.

Првиот натпревар со „Јувентус” е закажан со почеток во 15:00 часот, а во зависност од резултатот од овој натпревар, каменичанки за три дена ќе одиграат уште еден натпревар во кој противници на македонскиот претставник се екипите на Австриски „Ст. Полтен” или турски „Бешикташ”.