Ракомет
Македонските судии за прв пат јавно за чекорите на Карачиќ во финалето против Шпанија
Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја имаа честа да го судат финалето на ЕП 2020 помеѓу Хрватска и Шпанија. Шпанија победи, а двајцата судии го навлекоа гневот на хрватските ракометари и стручниот штаб, а Лино Червар ги пцуеше.
Причина, досудените чекори за Игор Карачиќ што на Шпанците им го отвори патот кон победата.
-Нормално е дека е тешко да се донесе таква одлука, бидејќи не сакаш да бидеш оној кој ќе го реши финалето на Европското првенство во последната минута. Олеснителна околност беше тоа што во тој момент бев 100% сигурен дека направил барем шест чекори. Меѓутоа одлуката мора да се донесе во дел од секундата, изјави Ѓорѓи Начевски за „Блакнан-хандбал“.