Други спортови
Македонските тенисерки го освоија четвртото место во БЏК купот
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2024/04/teniserki-4.jpg)
Македонската женска тениска репрезентација го освои 4. место во БЏК купот во Втората евро-африканска зона што се игра во Вилнус, Литванија.
Македонките денес постигна две сингл победи против Израел.
Прво Магдалена Стоилковска ја победи Мика Бучник со 2:0, по сетови 6:2 и 6:4.
Во вториот меч, Лина Ѓорческа исто така со 2:0 беше подобра Карин Алтори. Двта сета Ѓорческа ги доби без изгубен гем, со по 6:0.