Connect with us

Други спортови

Македонското знаме забрането на Австралија Опен, зошто?! (ФОТО)

На фејсбук страницата „Macedonian Coalition“ објавена е фотографија, за која се тврди дека се инструкции за камерманите кои вршат директен пренос од мечевите од Австралија Опен. Наводно организаторот им дал флаери на камерманите со знамињата кои не смеат да ги снимаат и да ги прикажат во директните преноси. Она што за нас е најскандалозно и најчудно е тоа дека на оваа листа се најде македонското знаме. Не само она со 16 крака, туку и секашното, државното знаме. Покрај македонското, забранети се знамињата на Израел, Палестина, Русија, Белорусија и Тајван. Зошто е ова така, нема објаснување.