Други спортови
Макс во Катар до 30. пол позиција во кариерата
Актуелниот светски шампион Макс Верстапен ја освои пол-позицијата во Катар, што е негова 30-та пол-позиција во кариерата.
Холанѓанецот во Ред Бул ја освои пол позицијата по 10-ти пат оваа сезона. Во Катар стигна до најдобрата стартна позиција пред неделната трка за Големата награда на Катар со време 1:23.778.
Со ова лидерот во генералниот пласман уште повеќе се доближи до главната цел за овој викенд. А тоа е освојување на три бода кои би му обезбедиле нова, трета титула во кариерата. Шанса за тоа има веќе во сабота во спринтерската трка.
Title #3 now loading…⏳@Max33Verstappen just needs to out-score his team mate by three points across the Qatar weekend to be crowned champion for the third time 👑👑👑#QatarGP #F1Sprint pic.twitter.com/SfzsLsRZgc
— Formula 1 (@F1) October 2, 2023
Квалификациите за спринт трката се закажани за в сабота од 15 часот, додека трката е од 19:25 часот.