Connect with us

Други спортови

Мала е разликата меѓу мене, Новак, Роже и Рафа

Иако тениската сезона заврши пред околу еден месец, Хрватот Марин Чилиќ веќе ги почна подоготвките за новата сезона која ќе стартува на 31. декември.

Чилиќ имаше топло – ладна сезона, а тргна одлично со пласманот во финалето на првиот грен слем турнир Австралија опен во кое загуби од Роже Федерер во пет сета. Во еден момент беше и трет тенисер во светот, а од САД Опен не го играше својот најдобар тенис па загуби многу натпревари во кои се очекуваше да победи. Сепак во финалето на Дејвис купот го покажа целиот свој репретоар, два пати лесно победи и така стана најзаслужен за втората тутула во елитното тениско натпреварување.

Најдобриот хрватски тенисер ја најави новата тениска сезона во разговор со италијанските медиуми, а порача дека се чувствува подготвен за напад на големата тројка во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер.

-Верувам дсека сум подготвен. Имам 30 години и сум на врвот. Можам уште да напредувам. Федерер, Рафа и Новак се одлични, но разликата меѓу нас е многу мала. Не се плашам од никого, изјави Чилиќ.