Малдини ги засука ракавите, го договори првото засилување за „Росониерите“

Стефано Сенси е се поблиску до трансфер во Милан.

„Росониерите“, како што се претпоставуваше, ќе доживеат големи промени во сите структури. Променети се директори, наскоро доаѓа и новиот тренер, а ќе има промени и во составот.

Меѓу првите засилувања можно е да биде и Сенси, затоа што неговиот агент кажа дека имаше доста добар состанок со Паоло Малдини, директорот на „Росониерите’.

Според „Gazzetta dello Sportu“, Милан подготви пет годишен договор за Сенси вреден 1.8 милиони евра по сезона со додатни бонуси.

„Росониерите“ на Сасуоло за фудбалерот му понудиа 15 милиони евра, а Малдини само го продолжи она што Леонардо го започна уште пред месец дена, додека се уште беше дел од клубот.

И милан и Сенси, но и Сасуоло се за овој трансфер и тешко дека нешто ќе се промени, па играчот од средниот ред наскоро ќе го облече црвено-црниот дрес.

23-годишниот фудбалер во 28 натпревари во Серија А постигна два гола и четири асистенции.

Покрај него, Милан наводно преговара и околу донесувањето на Џанлука Манчини, стоперот на Аталанта кој имаше одлична сезона на „Бергамо“ и во 30 натпревари постигна пет голови, а со клубот се избори за Лигата на шампионите