Фудбал
Малдини во Монца!
Милан потврди дека предвремено го врати младиот Малдини од Емполи, каде беше на позајмица, но повторно го испрати во друг клуб. Имено, синот на славниот дефанзивец Паоло Малдини, до јуни 2024-та ќе ги брани боите на Монца како позајмен играч.
Даниел Малдини има 22 години, игра на позицијата напаѓач. Тој е под договор со Милан, но засега нема кариера каква што имаа неговиот татко Паоло Малдини и неговиот дедо Чезаре Малдини. Последните двајца станаа икони на клубот од Милано, а иако има 15 меча и еден гол за Милан, сепак Даниел ќе мора уште да се потруди да стигне барем дел од она што го постигнаа неговите двајца претходници.