Фудбал
Малком само како позајмен
Англискиот премиерлигаш Евертон ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Малком.

Крилниот напаѓач не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.
Иако од Кина пристигна официјална понуда вредна 50 мил. евра, Барса истата експресно ја одби, но шпанските медиуми се убедени дека Бразилецот можно да биде позајмен на некој друг тим до крајот на сезоната.