Connect with us

Фудбал

Мама нема пари за натпревари, бидејќи мора да купи храна и ручек за на училиште, срцепарателно писмо на детенце, навивач на англиски тим

Започна хуманитарна кампања за собирање средства за да се овозможи непознато момче да почне да доаѓа на натпреварите на неговиот сакан клуб. Имено, момчето Џо испратило писмо во кое го споменува Хари Мекирди, фудбалер на Свиндон Таун и наведува дека нема пари да дојде на стадион.

„Мама нема пари да дојде на натпреварите на Свиндон затоа што нема да има пари за храна и мора да ми плати за ручек на училиште“.

„Го сакам Свиндон Таун, Хари. Ќе дојдам еден ден“, пишува во писмото напишано од шест ипол годишно момче.

Момчето залепило три монети од 20, 5 и 1 пени на писмото и го испратило во Свиндон Таун.

„Навистина би сакале да стапиме во контакт со Џо, но немаме повратна адреса. Доколку некој го препознае овој ракопис, нека ни каже“, напиша англискиот тим.

Преку интернет веднаш започна акција за собирање пари за Џо. Досега се собрани околу 1.200 фунти.

Кога ќе се најде момчето, парите ќе му бидат дадени веднаш, додека на денот на натпреварот ќе има можност да се сретне со играчите и да го посети стадионот Свиндаун Таун, што сигурно ќе биде незаборавно искуство за него.