Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед фаворит во трката за Гризман

Французинот Антоан Гризман ќе ја напушти Барселона по само една сезона.

Гризман дојде на „Камп Ноу“ како светскиот шампион и најдобар стрелец на Атлетико, но во новото опкружување не се вклопи на најдобар начин и беше ставен на трансфер-листата.

Според медиумите во Шпанија, Гриезман е пречкртан и може да замине ако некој клуб плати 100 милиони евра, што е за 20 милиони помалку од онсс сума што „Блауграна“ плати при купувањето.

Неколку клубови се заинтересирани за потписот на Гризман во моментот, а според најновите информации, најсериозен кандидат е Манчестер Јунајтед, на кого и самиот напаѓач е наклонет.

„На „Олд Трафорд“ се решени да го доведат Гризман и подготвени се да ги платат парите што ги бара Барселона“, пишуваат медиумите во Шпанија.

По само една сезона, Гризман мора да се пресели, на „Камп Ноу“, со евентуалното враќање на Нејмар, едноставно нема место за него …