Фудбал
Манчестер Јунајтед го понижи Ливерпул во неважен натпревар
Пријателскиот натпревар во Бангкок помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливепроол беше сфатен повеќе од сериозно од страна на „црвените ѓаволи“ и на крајот победија со 4:0.
На „Олд Трафорд“ започнува нова ера со Ерик тен Хаг на клупата, па не е ни чудо зошто играчите на Јунајтед се полни со желба да се докажат.
Најголемиот ривал во пријателскиот меч беше совладан со високи 4:0, што е јасен показател колку играчите на Јунајтед се решени да го надополнат страшното минатата сезона.
Се играше во 13. минута кога Џејдон Санчо без проблем погоди по слабата интервенција на одбраната на Ливерпул.
Јунајтед во 30. минута постигна нов гол. Фред на мајсторски начин го лобуваше Алисон од работ на шеснаесетникот.
An audacious lob from @Fred08Oficial made it 2-0 in Thailand 🤩🇧🇷#MUFC || #MUTOUR22
— Manchester United (@ManUtd) July 12, 2022
„Црвените“ не ни одморија, па повторно примија гол. Новата игра на одбраната на Ливерпул ја искористи Марсијал, кој излезе сам пред Алисон и без проблем погоди.
Неколку минути подоцна избраниците на Ерик тен Хаг можеа да постигнат и четврти гол, но Далот ја погоди стативата.
Во вториот дел уште една топка во гостинската мрежа кога во 76. минута го погоди Пелистри за конечни 4:0.
A stunning counterattack involving @EricBailly24 and @AmadDiallo_19, finished in style by @FPellistri07 ⏩😍#MUFC || #MUTOUR22
— Manchester United (@ManUtd) July 12, 2022
Во последниот половина час Јирген Клоп им даде шанса на најдобрите играчи, Мохамед Салах имаше неколку прилики, но не успеа да постигне гол.