Фудбал
Манчестер Јунајтед ќе ги исплати сите ангажирани на „Олд Трафорд“ како да се играат натпреварите!
Манчестер Јунајтед ќе продолжи да го плаќа целиот ангажиран персонал за време на натпреварите одиграни на „Олд Трафорд“, без разлика дали сезоната продолжува во Англија.
Премиерлигата вчера соопшти дека првенството во Англија е стопирано до 30 април поради пандемија на коронавирусот, при што „црвените ѓаволи“ на нивниот стадион треба да одиграат уште четири натпревари до крајот на сезоната.
БиБиСи известува дека вкупните исплати за околу 3.000 вработени ќе бидат еден милион фунти. Персоналот ќе се исплати и ако натпреварите се одложат за друг термин.
„Овој гест на добра волја ја покажува желбата на клубот да ја намали финансиската несигурност со која се соочува работна сила и да ја признае нивната клучна улога во обезбедувањето услуги на гледачите“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.
Инаку, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Марус Рашфорд претходно донираше значителна сума пари на добротворни цели за да обезбеди појадок за оние деца кои имаат потреба по затворањето на училиште.