Connect with us

Тајмаут

Манчестер Јунајтед му изрази сочувство на Алекс Фергусон

Почина сопругата на легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

По тој повод Манчестер Јунајтед му изрази сочувство на славниот шкотски тренер.

„Сите во Манчестер Јунајтед упатуваат искрено сочувство до Сер Алекс Фергусон и неговото семејство за смртта на Лејди Кети. „Таа беше сакана сопруга, мајка, сестра, баба и прабаба и го поддржуваше Сер Алекс во текот на неговата кариера“, се вели во соопштението на клубот од „Олд Трафорд“.

Кети Фергусон почина на 84-годишна возраст.

Двојката Фергусон беше во брак повеќе од 60 години. Тие имаат три сина – Марк, роден во 1968 година и близнаци, фудбалски менаџери Дарен и Џејсон, родени во 1972 година.