Connect with us

Фудбал

„Манчестер јунајтед не може да си дозволи 30 години без титула“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер зборуваше за шансите на неговиот клуб да ја освои титулата во англискиот шампионат.

Оваа сезона приказната околу тоа кој ке биде шампион заврши. Ливерпул ќе ја освои титулата по 30 години, а Флечер тврди дека „црвените ѓаволи“ не можат да си дозволат да ја чекаат титулата три децении.

„Манчестер Јунајтед не може да си дозволи да бидат без титула 30 години. И ова е сега лошо. Сакаме Јунајтед да биде на врвот во следните две или три години“, рече Флечер.

Последниот трофеј во Премиер лигата го освои Јунајтед во 2013 година на збогувањето на Сер Алекс Фергусон. После тоа, од сезона во сезона тие беа многу лоши, а само Жозе Мурињо успеа да го одведе тимот на второто место.

Флечер верува дека во наредните години ќе падне градскиот ривал Сити, исто како и Ливерпул.

„Јунајтед мора да биде подготвен да ја искористи предноста на падот на Сити и Ливерпул. Тоа веројатно ќе дојде во наредните години. Не го гледам Гвардиола во Сити за две или три години, ниту Клоп во Ливерпул. Можеби тоа е само моја желба, но Јунајтед мора да биде спремен да го искористи тоа подобро следната сезона, очекувам подобар Јунајтед, а за две или три сезони титула“, рече Флечер.