Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед се откажа од трката за „Терминаторот“, тој сакал во друг клуб

Манчестер јунајтед испадна од трката за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлин Халанд, објави „ESPN“.

Според изворот, 21-годишниот Норвежанец сака да се пресели во Реал Мадрид.

Манчестер јунајтед верува дека нема да може да го убеди напаѓачот и сака да се фокусира на алтернативни опции за засилување на нападот.

Така мадридскиот клуб стана главен фаворит во борбата за Халанд.

Во тековната сезона, норвешкиот репрезентативец за Борусија постигна 22 гола и имаше шест асистенции на 19 натпревари. Договорот на напаѓачот со клубот од Дортмунд е до 30 јуни 2024 година.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на Норвежанецот на 150 милиони евра.