Фудбал
Манчестер Јунајтед се подготвува за лето, 70 милиони фунти за првото засилување
Манчестер Јунајтед во последните десет мечеви оствари седум победи, а многумина заслугата ја припишуваат на зимското засилување Бруно Фернандеш. Тој е платен 55 милиони евра, а сигурно доколку продолжи вака ќе ги оправда парите.
Но, Јунајтед ќе биде активен и во летниот преоден рок. Според информациите од Островото, „Црвените ѓаволи“ подготвиле 70 милиони фунти за 24-годишниот Џек Грилиш, офанзивен играч за врска кој во моментов игра за Астон Вила.
Солскјер инсистира на негово ангажирање, бидејќи смета дека со Фернандеш би биле одличен тандем во средниот ред.