Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед соопшти кој ќе биде замената за Солскјер, тоа е поранешниот капитен на тимот

Манчестер Јунајтед соопшти дека е раскината соработката со Оле Гунар Солскјер, а веднаш во соопштението во кое му се заблагодарува за сето она што го направил за тимот, ја откри и неговата замена. „Жешката клупа“ на Јунајтед ќе ја преземе уште една легенда на тимот, поранешен капитен, Мајкл Карик. Тој досега му беше помошник на Солскјер. Како што велат од Јунајтед, Карик ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, или поточно додека не биде најдено трајно решение за клупата.

Мајкл Карик во 2006-та година од Тотенхем дојде во Манчестер Јунајтед за 18 милиони евра. Играше за „Црвените ѓаволи“ до 2018-та година, освоил пет шампионски титули, една Лига на шампиони, четири Комјунити шилд, еден Лига куп и едно Светско клупско првенство.

Реклама

Facebook

Реклама