Фудбал
Манчестер Јунајтед водеше со 2:0, но остана без победа (ВИДЕО)
Манчестер Јунајтед иако водеше со 2:0, сепак на крајот остана без победа на гостувањето кај Тотенхем, бидејќи мечот заврши 2:2. Санчо со прекрасен гол во 7-ма минута донесе водство за гостите, а во 44-та Рашфорд зголеми на 2:0. Сепак Тотенхем се “крена од пепелта” па преку Поро во 56-та и Сон во 79-та стигнаа до 2:2.
Њукасл вечерва забележа уште една убедлива победа овој пат од 4:1 против Евертон на гости, а на третиот меч вечерва Бурнмаут со 1:0 го совлада Саутемптон како гостин.