Фудбал
Манчестер Сити би можел да игра во ЛШ во 2020/21 дури и ако е потврдено исклучувањето
Манчестер Сити може да игра во Лигата на шампионите следната сезона, и покрај одлуката на УЕФА да ги исклучи „Граѓаните“ за следните две години од европското натпреварување поради сериозни прекршувања на финансискиот фер-плеј.
Клубот го упати случајот до Арбитражниот суд во Лозана и има право да побара промена на решението.
Пред да биде одобрено барањето, ќе се разгледаат некои аспекти како што е штетата на клубот, можноста Сити да ја добие жалбата и интересите на самиот клуб и УЕФА.
Во последното издание на Лигата на шампионите последен датум за регистрација беше 3 јуни. Доколку одлуката на КАС не дојде пред 1 јуни, Сити би можел да биде прифатен во Лигата на шампионите 2020/21 и двегодишната суспензија би започнала од сезоната 2021/22.