Фудбал
Манчестер Сити гази кон нова титула, конечно победа за Челзи (ВИДЕО)
Манчестер Сити со 2:1 на домашен терен го совлада Лидс и сега со 82 бодови е осамен на лидерската позиција. Зад него е Арсенал со 78, тим кој до пред три кола беше лидер на табелата. Гундоган со 2 гола е творец на победата, имаше можност за хет трик но не реализираше пенал во 84-та минута. На спротивната страна погоди Родриго, една минута подоцна.
Челзи конечно стигна до победа откако како гостин го совлада Бурнмаут со 3:1. Галагер, Бадијашил и Феликс стрелаа за „сините“ за кои ова е прв триумф во ПЛ од 11 март кога со истиот овој резултат беше добиен Лестер.