Фудбал
Манчестер Сити ќе остане без важен играч најмалку еден месец
Манчестер Сити ќе остане без Рубен Дијас во еден од најважните периоди од сезоната.
Според извештаите од Англија, 25-годишниот стопер се здобил со повреда на колкот на натпреварите на Португалија на Светското првенство во Катар. Дијас за прв пат ја почувствува болката на осминафиналето со Швајцарија, но неколку дена подоцна го одигра целиот натпревар против Мароко.
Тоа го влоши проблемот и сега Дијас, кој беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во 2021 година, ќе биде надвор од терените најмалку до февруари.
Сето ова значи дека Пепе Гвардиола нема да може да смета на својот подобар дефанзивец на клучните натпревари со Манчестер Јунајтед и Челзи.
Сепак, Шпанецот има доволно играчи на таа позиција, па Ајмерик Лапорте, Џон Стоунс, Нејтан Аке и Мануел Акањи беа на теренот во различни периоди од натпреварот против Ливерпул во четвртокот.