Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити му нуди неверојатна плата на Халанд само да се пресели кај нив

Серхио Агуеро се чини дека е на излезната врата, чиј договор со Манчестер Сити му истекува во јуни оваа година. Како негова замена, Пеп Гвардиола го сака младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Според медиумите во Англија, Сити планира да ја активира откупната клаузула која изнесува 75 милиони евра, а на Халанд му нуди неверојатна плата од 24 милиони евра годишно.

За Халанд уште се заинтересирани Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но со оглед на тоа дека овие два тима се финансиски послаби, останува да се види дали Халанд ќе ги одбере парите или ќе одлучи да замине во друг клуб.