Фудбал
Манчестер Сити со 7:0 го прегази противникот, израмни рекорд на Ливерпул, а Гвардиола изјави: Ми купуваат…
Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа го декласираа Лидс со 7:0 во натпреварот од 17. коло на англиската Премиер лига.
Пеп Гвардиола даде свое видување на натпреварот. Ова беше најтешкиот првенствен пораз во историјата на клубот за Лидс.
„Примивме девет гола на 17 првенствени натпревари. Ова докажува дека треба да играте дефанзивно за да бидете успешни во одбраната. Играчите се донесени да бидат креативни, се останато е заслуга на клубот. Ми купуваат квалитетни играчи“, изјави Гвардиола.
Сити синоќа под водство на Шпанецот ја забележа втората најубедлива победа откако претходно го победи Ватфорд со дури 8:0.
Моментално имаат четири бода предност пред Ливерпул кој има натпревар помалку, додека Челзи заостанува пет бода.
Сити со оваа победа го израмни рекордот на Ливерпул по бројот на првенствени победи во една календарска година. Ливерпул забележа 33 победи во Премиер лигата во 1982 година, Сити на Гвардиола синоќа стигна до таа бројка.