Фудбал
Манчестер Сити со рутинска победа од 2-0 против екипата на Петербро
Манчестер Сити успеа да оствари рутинска победа од 2-0 против екипата на Петербро играјќи во натпревар од 1/8 финалето на ФА Купот. Ријад Марез им донесе предност на „граѓаните“ во 60. минута. Џек Гриниш само седум минути подоцна го удвои водството, а до крајот „граѓаните“ без проблем го задржаа водството.