Фудбал
Манчини останува селектор: Ја сакам репрезентацијата, сакав да освојам Европско и Светско, но за второто уште ми треба време
Селекторот на Италија, Роберто Манчини покрај шокантниот пораз и елиминацијата од Македонија во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на СП во Катар, ќе остане на оваа функција. Тој ова самиот го потврди додавајќи дека имаат заеднички јазик и договор со првите луѓе на фудбалската федерација.
Новинарите го прашаа зошто сака да остане:
-Бидејќи уште сум млад и сакав да освојам Европско и Светско првенство, уште ми треба време за второто. А, второ, ми се допаѓа мојата работа, знам дека можам, сепак многу се забавувам и со момците можам да постигнам нешто важно“.
Бонучи застана во одбрана на Манчини:
-Она што ни го даде во овие три години е нешто уникатно, емпатија меѓу тренерот, групата и стручниот штаб што ретко се доживува. Продолжувањето со него е логична последица на сето ова, вели Бонучи.