Connect with us

Фудбал

Манчини: Се опуштивме по триумфот

Роберто Манчини останува оптимист за шансите на Италија да се пласира на Светското првенство во Катар следната година.

„Аѕурите“, кои го освоија УЕФА ЕУРО 2020 пред само неколку месеци, завршија на второто место во квалификациската група по Швајцарија, што значи дека ќе мора да победат во два плеј-оф за да обезбедат пласман на Светското првенство следната зима.

Во интервју за Sky Sports, Манчини прво зборуваше за летните подвизи на италијанската репрезентација: „Направивме нешто извонредно, усреќивме милиони луѓе. Сите сме горди. Но, Европското првенство е зад нас, сега треба да размислуваме за нешто друго“.

„Малку се опуштивме и сега мораме да ги засукаме ракавите и да завршиме одлична работа во двата натпревари. Но, јас останувам оптимист. Знаев дека група со Швајцарија ќе биде тешка. Мислев дека ќе продолжиме, но знаев дека ќе биде тешко. Доминиравме на натпреварот во Базел, но ова е фудбал, за среќа се уште имаме шанси и мора да направиме се за да одиме во Катар“, продолжи селекторот.

Разговарајќи за тоа дали ќе има нови лица во таборот на „аѕурите“, Манчини рече дека се ќе зависи од времето во лигата, но најважно е сите да бидат здрави.

Специјалистот даде краток коментар и за Жоао Педро, за кој се шпекулира дека ќе биде повикан во Италија, велејќи дека го познава играчот на Каљари бидејќи долго време е на Апенините.

„Да, ми се допаѓа Заниоло. Мислам дека има група од 10-12 играчи кои можат сериозно да го подигнат своето и националниот тим“, заврши Манчини со насмевка.