Фудбал
Манџукиќ пречкртан за спектаклот во Лигата на шампионите
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ нема да настапи за Јувентус на натпреварот против Манчестер Јунајтед, кој се игра утре во 21 часот.
Стандардниот член во почетниот состав на Старата дама ги повреди зглобот на денешниот тренинг, па Масимилиано Алегри беше приморан да го пречкрта за големиот спектакл.
„Во текот на денешниот тренинг Марио Манџукиќ ги истегна левиот зглоб и нема да биде составот за натпреварот“, се наведува на страната на Јувентус, каде се уште не пишува колку долго ќе трае неговото закрепнување.
Моментално како нај истурен напаѓач против Манчестер Јунајтед ќе игра Кристијано Роналдо, поранешниот фудбалер на Црвените ѓаволи за кои настапуваше од 2003. до 2009 година.
Марио Манџукиќ оваа сезона настапи на вкупно десет натпревари, а постигна четири гола и четири асистенции.