Connect with us

Фудбал

Мане изненаден од потегот на ѕвездата на Баерн: Само што дојде во клубот, а како го пречека

Баерн пред неколку дена го официјализираше доаѓањето на Садио Мане.

По шест години Мане реши да го напушти Ливерпул, што ја изненади фудбалската јавност бидејќи тој беше првата ѕвезда на клубот на „Енфилд“, заедно со Мохамед Салах.

Сепак, Мане одлучи дека е време за нов предизвик во кариерата и избра да замине во Баерн со кој потпиша тригодишен договор, а пред неколку дена беше официјално претставен на Алијанц Арената.

Се уште не е познато кој број на дресот ќе го носи Мане во Баерн, но според германските медиуми неговата голема желба може да се исполни.

Јасно е дека Сенегалецот повеќе го сака бројот десет што го носеше во Ливерпул, но моментално е зафатен во клубот од Минхен бидејќи го носи Лерој Сане.

Сепак, германските медиуми објавија дека Сане веќе одлучил да му го остави својот број на Мане, а тој ќе позајми друг број. Ова го потврди и неговиот татко Сулејман Сане.

„Ако Садио го сака бројот десет, сигурен сум дека Лерој нема да има проблем да му го препушти. Тој веќе го реши тоа“, изјави таткото на Сане.

Наводно, Мане е пријатно изненаден што Сане е подготвен да му го даде бројот десет, но се уште не донел одлука дали ќе ја земе десетката. Познато е дека Мане е исклучително скромен тип, па нема да биде изненадување ако учтиво ја одбие понудата на Сане и земе друг број.