Connect with us

Фудбал

Мане стана шампион на Африка, но не го заборави Мохамед Салах (ВИДЕО)

Сенегал стана шампион на Африка откако во финалето на Африканскиот куп на нации славеше над Египет по изведувањето на пеналите, бидејќи регуларниот дел заврши без голови. Садио Мане го постигна последниот гол од белата точка од пенал серијата, а потоа следуваше големо славје. Сепак, Мане не го заборави својот соиграч Мохамед Салах кого го тешеше по мечот.