Тајмаут
Мане вљубен до уши, го сврте телефонот ја покажа сопругата, има 18 години, не се забавувале пред да се венчаат (ФОТО)
Фудбалерот на Ал Наср, Садио Мане, гордо ја покажа својата позадина на телефонот на која е неговата сопруга Ајша Тамба. Мане се ожени на церемонија во Сенегал на 7 јануари во Кеур Масар пред нивното патување на Купот на африканските нации и нејзиниот татко откри дека таа имала традиционален договорен брак со фудбалерот и дека не се забавувале пред да се венчаат.

Потврдено е и дека Алиша има 18, а Мане 31 година и дека првпат ја видел пред повеќе од две години кога таа и нејзината мајка отишле да го посетат неговото семејство. Сега Мане и неговите соиграчи од репрезентацијата се упатија кон Брегот на Слоновата Коска каде ќе ја бранат титулата африкански шампион, а Садио видеото од летот го сврте на телефонот и гордо ја откри позадината на телефонот со сопругата на тоа.