Фудбал
Манолас како дефанзивен столб
Грчкиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Костас Манолас, е најновата желба на контроверзниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак веќе со месеци се обидува да ангажира нова дефанзивец, а последните информации кои пристигнуваат од “Олд Трафорд” говорат дека Манолас е најновата желба на “специјалниот”.
Најавениот трансфер би се реализирал за време на зимскиот преоден рок само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 31 мил. фунти.