Фудбал
Мануел Нојер не доаѓа во Скопје?!
Големата голманска ѕвезда на селекцијата на Германија, Мануел Нојер е под знак прашалник за квалификациските мечеви против Романија и Македонија. Тој го пропуштил последниот тренинг, поради повреда на коленото, па постои голема веројатност воопшто да не биде во комбинација за овие мечеви.
Ќе се направат дополнителни тестови, но најверојатно нема да се ризикува. Македонија ја пречекува Германија во Скопје на 11 октомври. Ние имаме девет бодови во групата, додека лидери се токму Германците со 15 бода.