Фудбал
Марадона: Бразил не е само Најмар
Диего Марадона го предупреди Нејмар дека мора да остане мирен на теренот, затоа што според неговото мислење, противничките фудбалери ќе направат се за да го испровоцираат.
Петкратниот светски шампион вечерва го игра првиот натпревар на Светското првенство против репрезентацијата на Швајцарија на стадионот „Ростов Арена“.
„Откако Тите стана селектор на Бразил, тие остварија 17 победи на 21 натпревар. Притоа примија само 5 голови, а постигнаа 47. Искуството ми кажува дека европските тимови се подобри на светската сцена. Сепак, Бразил изгледа доста добро. И тука не се работи само за Нејмар, имаат квалитет и на сите други позиции“, кажа Марадона и додаде:
„Нејмар изгледа добро откако се врати на теренот, но на него е поголем дел од товарот, затоа што сите се надеваат на неговата ефикасност. Мора да биде мирен затоа што фудбалерите знаат лесно да го испровоцираат. Пред Бразил е голем предизвик“.