Connect with us

Фудбал

Марадона ја разбра грешката, ќе бара извинување од Меси

Легендарниот Диего Марадона пред неколку денови ја разбрани аргентинската јавност со изјава за Лионел Меси.

Познато е дека Мародна понекогаш не размислува премногу пред нешто да каже, па маката на Меси во репрезентацијата на Аргентина ја прокоментира со зборовите „не може некој кој оди 20 пати во тоалет да биде лидер на Аргентина“.

Марадона сакаше на својо начин да каже дека Меси го нема она што е потребно за да биде лидер на екипата и надвор од теренот, но неговата изјава изненади многумина со оглед на тоа што често го фалеше неговиот сонародник.

Сега Диего изгледа сватил дека претерал, па планира да му се извини на Лионел Меси, соопшти неговиот адвокат Матиас Мерло,

„Диего е навистина тажен затоа што неговите зборови беа разбрани како критика кон Лионел Меси. Диего е лидер и секогаш го поддржува националниот тим, само сакаше да објасни дека Лионел е различен од него, но не и да го омаловажи. Сакаше само да истакне дека Меси не се наметнува како Лидер, ништо повеќе од тоа. Диего лично ќе контактира со Меси за се да му објасни и да му се извини. Сепак, Меси веројатно и самиот добро знае што Диего мисли за него, колку го сака и почитува“, порача Мерло.