Поврзи се со нас

Фудбал

Марадона пуштен на домашно лекување

Минатата недела Диего Марадона беше подложен на итна операција поради крварење во мозокот.

Марадона пристигна во болницата минатата недела, а прегледот покажа дека има хематом на мозокот и дека итно му е потребна операција.

За среќа, операцијата помина одлично, а Марадона се чувствува многу добро. Тој остана во болницата неколку дена под опсервација, иако од првиот ден сакаше да си оди дома.

Но, тој го следеше советот на лекарот и траеше околу седум дена, а денес конечно беше пуштен дома.

“Диего го помина најтешкиот период од својот живот и се чувствува добро. Тој сака да се опорави најдобро што може и конечно доби дозвола да си оди дома. Сега му треба мир за да се опорави максимално”, изјави неговиот адвокат Матијас Морла.

loading...

Facebook