Connect with us

Други спортови

Мареј неизвесен за Вимблдон

Британскиот тенисер Енди Мареј, кој по речиси една година пауза поради повредата на колкот се врати на терените со пораз на турнирот во Квинс, изјави дека веќе не е сигурен за неговиот настап на Вимблдон.  

Мареј покажа солидна игра против австралискиот тенисер Ник Кириос, но и покрај тоа беше поразен и елиминиран на стартот од турнирот.

– Морам да видам што ќе се случува и во моментов не знам што е најдобро за мене. Сега веќе ништо не би исклучил. Можеби следната седмица ќе играм во Истборн, а може и да го пропуштам Вимблдон, истакна британскиот тенисер.

Мареј нагласи дека заздравувањето и процесот на враќање во натпреварувачка форма за него се одвивал многу тешко, а по овој пораз воопшто не е сигурен на кои турнири ќе настапи во следните месеци.

– Мислам дека играв добро. Среќен сум што против Кириос играв респектабилен тенис, наведе 31-годишниот тенисер.

Тој потенцира дека одлуките за настапот на турнирите ќе ги донесе во зависност од тоа како ќе се чувствува.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com