Connect with us

Фудбал

Марина му пресуди на Лампард

Томас Тухел ќе добие шанса да го предводи Челzи, откако клубот го отпушти Френк Лампард.

Поранешниот играч од средниот ред на тимот од Западен Лондон ја започна авантурата добро на клупата на Челзи, но со текот на времето работите не се одвиваа баш најдобро, и покрај тоа што се потроши голема сума на пари, за нова звучни засилувања.

Со Лампард владееше и „конфликт“ и несогласувања со директорката Марина Грановскаја, која важи за десна рака на сопственикот на клубот Роман Абрамович и која претежно го презема водството кога станува збор за трансферите.

Лампард сакаше да ги доведе стоперот Барнли Траковски и Деклан Раси од Вест Хем, што Марина не ги одобри, а исто така имаше несогласувања околу статусот на младиот голман Кепа Аризабалага.

Иако Кепа беше во очајна форма, Марина сметаше дека заслужува подобар третман од Лампард.

Тензиите започнаа пред 12 месеци кога Лампард јавно ја критикуваше неможноста да го засили својот тим во јануарскиот преоден рок. Тој мораше да го прифати престојот на Кепа, на крајот од минатата сезона Лампард јасно стави до знаење дека му треба нов голман, и покрај тоа што управата му рече дека треба да се потпре на Кепа и да му верува повеќе.

Во целата приказна има простор за стоперот Антонио Рудигер, од кого Лампард сакаше да се ослободи, иако Германецот е многу ценет од управата на клубот.

Се верува дека немаше позитивна атмосфера во соблекувалната, а некои играчи беа дури и крајно разочарани од начинот на кој Лампард јавно го искажа својот бунт против нив за очајните резултати.

Се на се, клубот немаше друг избор освен да го отпушти Лампард. и Марина како еден од „газдите“ ќе продолжи да ја работи работата што ја работи на најдобар можен начин со години.