Connect with us

Фудбал

Марио Балотели во сообраќајка уништи автомобил од 110.000 евра, одбил алкотест! (ВИДЕО)

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели доцна синоќа доживеал сообраќајна несреќа во Бреша, Италија, при што си го уништи автомобилот.

Балотели излетал од патот со своето Audi Q8 вредно 110.000 евра и удрил во бетонска ограда. Според очевидци, Балотели се тетеравил откако излегол од автомобилот, а потоа дури и паднал на земја.

По неколку минути на местото на несреќата пристигнала брзата помош и полицијата, Балотели одбил да се подложи на алкотест, а на крајот било утврдено дека поминал без сериозни повреди бидејќи биле активирани воздушните перничиња во автомобилот. На сè присуствуваше братот на Балотели, Енок Барвуа, кој го одведе Марио и неговите пријатели во неговиот дом во Бреша.