Connect with us

Фудбал

Марио Геце го напушта Дортмунд, но и Бундеслигата на крајот на сезоната

Германскиот фудбалер и херој од финалето на Мундијалот во 2014 година, Марио Геце ќе ја напушти Борусија Дортмунд на крајот на оваа сезона.

Геце има договор уште три месеци и по истекот ќе бара нов клуб затоа што „Милионерите“ нема да му понудија продолжување на договорот.

Иако беше објавено пред неколку дена дека и покрај заминувањето од Дортмунд, тој ќе остане во Бундеслигата, најновите информации што ги доставува „Спорт Билд“ велат дека нема да биде ништо од тоа, затоа што желба на овој играч од средниот ред е да ја напушти Германија.

27-годишниот репрезентативец, наводно, сака да ја напушти Бундеслигата и да ја испроба среќата во друга лига. Тој се надева дека фактот дека е слободен агент ќе му помогне да добие договор од осум милиони евра годишно.

Геце е фудбалер каде падот во кариерата започна пред неколку години. Откако го загуби местото во Баерн Минхен, тој реши да се врати во Дортмунд, каде претходно блескаше, но и тука не се снајде, и јасно е дека тој во моментов е во тешка ситуација кога станува збор за наоѓањето на вистинската форма

Ова е поткрепено со фактот дека тој постигна само три гола со една асистенција оваа сезона и одигра само 19 натпревари.

За крај, овој фудбалер се поврзуваше со Интер пред неколку месеци.