Connect with us

Фудбал

Марио Манџукиќ заминува од Јувентус, но останува во Серија А

Марио Манџукиќ не е во плановите на новиот тренер на Јувентус Маурицио Сари за наредната сезона.

Хрватскиот напаѓач минатата сезона одигра 33 натпревари во дресот на Јувентус и постигна 10 голови одлично соработуваше со Кристијано Роналдо во нападот.

Манџукиќ во април потпиша нов договор, но со доаѓањето на новиот тренер ситуацијата се смени и Сари во врвот на нападот на Јувентус сака да го види Гонзало Игуаин.

Иако постои интерес од Борусија Дортмунд која наводно сака да го доведе во своите редови, медиумите во Италија денеска пишуваат дека Лацио води во трката за напаѓачот на Јувентус и дека тој би можело да остане во Серија А.

Главниот проблем е платата на Марио Манџукиќ која со новиот договор е зголемена на 4 милиони евра, но 33-годишниот напаѓач сепак би можел да прифати нешто помала сума.