Фудбал
Марка: Баерн понуди 100 милиони евра за играчот со кој Симеоне е во конфликт
Баерн му понуди на Атлетико Мадрид 100 милиони евра за Жоао Феликс, тврди Марка, повикувајќи се на понудата на клубот од Минхен ова лето, откако го продаде Роберто Левандовски и го доведе Садио Мане. Сепак, шпанскиот клуб одби, а тренерот Диего Симеоне му даде мала минутажа на 22-годишниот Феликс во последните неколку натпревари.
Да потсетиме, Атлетико Мадрид во 2019 година го донесе Феликс од Бенфика за 127 милиони евра, што го направи и се уште е убедливо најскапиот трансфер во историјата на клубот. Но, Португалецот не ги оправда тие големи пари. На 125 натпревари постигна 25 голови и 18 асистенции.
„Голем број луѓе во клубот веруваат дека понудата на Баерн требало да биде прифатена за да се засилат другите позиции и да се реши конфликтот меѓу Феликс и Симеоне, кој и онака не е стартер во осум последователни натпревари. Феликс повеќе не е недопирлив. Баерн бараше играч на кој може да ја гради својата иднина. Дали сега ќе се јави повторно кога Феликс сака да замине што е можно поскоро? пишува Марка.