Connect with us

Фудбал

Марка: Домашните натпревари на шпанските клубови во Лигата на шампионите ќе се играат без публика

Мадрид, 9 октомври 2020 (МИА) – Натпреварите од групната фаза од Лигата на шампионите во Шпанија ќе се одржат без публика, соопшти „Марка“.

На 1 октомври, УЕФА дозволи трибините да се полнат со 30 проценти од капацитетот на стадионот на игрите на националните тимови и европските купови, истакнувајќи дека конечната одлука за прием на гледачи ќе ја донесат локалните власти.

Сепак, шпанската влада испрати писмо до УЕФА во кое се наведува дека го исклучува појавувањето навивачи на стадионите во земјата до крајот на 2020 година.

Во Лигата на шампионите се вклучени шпански Реал, Барселона, Севиља и Атлетико, додека во Лига Европа Шпанија ќе ја претставуваат Гранада, Реал Сосиедад и Виљареал. зс/